Македонски Shqip English

Support to the Decentralization Process

Поддршка на процесот на децентрализација

  Main About What we do library media album links contact us

 

hcg

 

 

Галерија:

meeting1

m2

oro

view

 

 

 

Добредојдовте на страницата на „Поддршка на процесот за децентрализација“
Проект финансиран од ЕУ, а раководен од Европската агенција за реконструкција

 

„Поддршка на процесот за децентрализација” е уште еден од напорите на Европската Унија за поддршка на децентрализацијата во земјава. Основната цел на активноста, раководена од Европската агенција за реконструкција, е да се поддржи Владата при целосната примена на процесот на децентрализација, како и властите на централно и локално ниво преку модернизација на јавната администрација и нејзино приближување до ЕУ стандардите.
Главните учесници и корисници на активноста се Министерството за локална самоуправа, Здружението на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС), како и 36 општини од целата територија на земјава.

____________________________________

SUDEP АГЕНДА ЗА ЗАВРШНА КОНФЕРЕНЦИЈА

____________________________________

Гласник број 5, Мај 2009

_________________________________

Во Валандово свечено отворен првиот Општински центар за услуги

 На 18 мај 2009 во Валандово Н.Е.  Ерван Фуере, Специјалниот претставник на ЕУ и Шефот на делегацијата на ЕК го отвори Општинскиот центар за услуги во општина Валандово.

Тоа е првиот од 36-те Општински центри за услуги финансирани од ЕУ, во рамките на поддршката која Унијата ја дава  за целосно спроведување на процесот на децентрализација и модернизација на јавната администрација во земјава.

Општинскиот центар за услуги ќе воведе нов, едношалтерски концепт на работа со граѓаните. Овој концепт подразбира воведување на хармонизирани процедури и движење на документите наместо на луѓето. Тоа во голема мера ќе го поедностави барањето и добивањето на сите услуги и информации од областа на локалните даноци и такси, комуналните работи, урбанизмот, животната средина итн.

Просторот за Општинскиот центар за услуги во Валандово го обезбеди општината, додека со помош од ЕУ извршена е адаптација на просторот, опремување со мебел, ИТ опрема и софтвер. Седуммина вработени од општина Валандово добија обемни обуки од областа на градење на добри односи и доверба со ѓраѓаните, како и за обезбедување на ефективни услуги за граѓаните.

Оваа активност на ЕУ се спроведува преку проектот Поддршка на процесот на децентрализација

_________________________________

Обуки за Принципи на управување со проектен циклус и
пристапот на логичка рамка

Во рамките на компонентата за локален развој, во текот на месец мај и јуни се одржуваат обуки за Принципи на управување со проектен циклус и пристапот на логичка рамка. 

Целта на овие обуки е да се надгради капацитетот на општинските администрации за имплементирање и локалните стратегии за локален развој. Принципите на управување со проектен циклус и пристапот на логичка рамка се официјални методологии за подготвување, спроведување и следење на проекти во рамките на Европската унија. Доброто познавање на овие принципи значително го олеснува подготвувањето на проекти за користење на средствата од Инструментот за пред-пристапна помош на ЕУ.

Учесници на овие обуки се вработените од различни сектори и одделенија на општинската администрација: локален економски развој, финансии и даноци, урбанизам, комунални услуги итн. Со тоа се создава и специфична синергија помеѓу членовите на општинските тимови која е неопходна при подготвувањето и спроведувањето на проектите.

________________________________

„Златна плакета“  за Општинскиот центар за услуги


На 6 номеври 2008, на свечената седница по повод денот на општината Радовиш, Советот на општината донесе одлука за доделување на највисоката општинска награда „Златна плакета“ на проектот „Поддршка на процесот на децентрализација“. Наградата е доделена за помошта во востановувањето на Општинскиот центар за услуги, како и за зајакнување на капацитетите на општинската администрација за испорака на административни услуги кон граѓаните, како и за поддршка во процесот на планирањето на локалниот развој. Наградата на раководителот на проектот г. Арто Лухтала му ја врачи градоначалникот на општина Радовиш др. Роберт Велков.

_________________________________

Учиме од данските искуства и практики


Од 23 до 27 септември 2008г. во рамките на проектот Поддршка на процесот на децентрализација, финансиран од Европската унија, се реализира и студиско патување во Данска на тема: “Систем на локална самоуправа во Данска – аспекти на испорака на услуги кон граѓаните и локалниот развој”.  На ова патување учествуваа вкупно 34 претставници од партнер-општините на проектот, Министерството за локална самоуправа и ЗЕЛС.

 

_________________________________

Тркалезни маси за рурален развој, образование и развој на мали и средни претпријатија


Во текот на октомври 2008г. проектот  „Поддршка на процесот на децентрализација“  организираше три тркалезни маси за дискусија на руралниот развој, образованието и малите и средни претпријатија како дел од процесот на планирање на локалниот развој. Учесници на тркалезните маси беа претставници од Министерството за локална самоуправа, ЗЕЛС, експерти од соодветните области во општините како и независни експерти. Овие средби имаа за цел да ги надградат обуките и советите поврзани со процесот на стратешкото планирање и Методологијата за локален развој, особено во делот на сектоското планирање, кои се изведоа во рамките на проектот во периодот Номеври 2007 – Октомври 2008.

_______________________________

comp1_fev

Билтен бр.3, Јули 2008

Билтен бр.3

_________________________________

Јазик, род,човечкови права, инвалидност, животна средина

Во развојот на секое општество постојат прашања од заеднички интерес кои не смат да бидат изоставени. Тоа се прашањата за третманот на етничките заедници во општините, грижата за родовата рамноправност, инвалидноста, животната средина, човековите права и сл. Проектот Поддршка на процесот на децентрализација успешно ги вкрстува овие прашања со своите три главни области на интерес: Општинските центри за услуги (ОЦУ), планирањето на локалниот развој и градењето на капацитетите на МЛС и ЗЕЛС за давање на правна помош на општините.
При планирањето и развивањето на ОЦУ посебно внимание ќе биде посветено на употребата на јазиците на малцинските етнички заедници. Нашите препораки до општините, дадени преку обуките, тренирањето на работното место и Прирачникот кој е во подготовка се дека: сите документи кои ќе бидат истакнувани во Центрите како и брошурите кои ќе се објавуваат треба да бидат објавувани и на јазиците на етничките заедници (според закон), а исто така препорачуваме општината да назначи лице од своите вработени кое ќе делува како толкувач при усната комуникација. Проектот во своите обуки се грижи да бидат вклучени и претставници од помалите етнички заедници чии претставници сочинувале приближно 19% од вкупниот број на учесници. Дел од нашите материјали за обука беа изготвени и на албански јазик, а исто така веб-страницата и Информаторот на Проектот редовно се објавуваат и на албански јазик.
Родовата еднаквост е човечко право кое обезбедува жените и мажите да живеат достоинствено и слободно. Препораките на Проектот во врска со ова прашање се вметнати во сите три компоненти преку осврти во прирачниците за општините, Методологијата за планирање на општинското развојно планирање, како и преку посебни поглавја во истражувањето на задоволството на граѓаните од општинските услуги и индикаторите за локален развој. Исто така, преку 45% од учесниците на нашите обуки биле жени.
Инвалидноста е едно осетливо прашање за секоја заедница на кое исто така посветивме внимание. Секаде каде што е технички изводливо, со реновирањето на Општинските центри за услуги ќе биде финансирано и поставување на пристапни рампи за хендикепирани лица. Преку обуките, вработените во Општинските центри за услуги се запознаа со најадекватните начини на кои можат да ги услужат граѓаните со хендикеп, а Прирачникот за ОЦУ ќе содржи и специјално поглавје посветено на ова прашање, од каде ви пренесуваме еден мал дел (повеќе).
Животната средина и грижата за неа ја поддржуваме преку работата со ОЦУ кои ќе даваат услуги и од оваа област. Вработените во овие Центри добија посебна обука од областа на животната средина – за законските одредби и типот на услуги кои тие како општина ќе ги даваат. Помошта која ја даваме на општините во планирањето на локалниот развој  и изработката на студии на исплатливост  во себе содржи постојано осврнување и оценување на проектите од аспект на нивното влијание врз животната средина.

_________________________________

LD1

Обезбедување ефективни услуги кон граѓаните и правните субјекти  - нова рунда обуки за вработените во Општинските центри за услуги. Во текот на мај и јуни преку 160 вработени во Општинските центри за услуги од нашите 36 партнер општини ќе ги посетат обуките за  Обезбедување ефективни услуги кон граѓаните и правните субјекти.

На овие работилници ќе бидат разгледани техничките аспекти од давањето на услуги во центрите и тоа за следните области:

  1. Општи информации поврзани со работата на ЕЛС и законските надлежности
  2. Локални даноци и такси
  3. Животна средина
  4. Урбанизам
  5. Комунални дејности

На овие обуки учесниците (вработени во предната канцеларија на ОЦУ) ќе се здобијат со основни познавања на техничкиот аспект на секоја услуга, како и конкретни примери на барања од граѓани и правни лица со кои тие ќе се соочат во периодот на функционирање на центрите. Како предавачи ги ангажиравме: М-р. Јадранка Кунгуловска,  М-р.Томе Шеќерџиев и Иван Андрески во делот за Општи информации поврзани со работата на ЕЛС и законските надлежности; М-р. Игор Андреев за Локаните даноци и такси; М-р. Константин Сидеровски во делот за Животна средина, М-р. Душица Трпчевска – Ангелковиќ за Урбанизам и Тодор Кушевски за услугите од областа на Комуналните дејности.

_________________________________

LD1
Во рамките на нашата поддршка за институционално јакнење на Министерството за локална самоуправа (МЛС) и ЗЕЛС  организиравме две работилници во текот на февруари март: Развој на комуникациски и преговарачки вештини и Раководење со време и себераководење.

Работилниците беа организирани за мешана група на вработени од МЛС и ЗЕЛС,  а со цел  подобрување на вештините на учесниците во областите на интерперсонална комуникација, преговарање, раководење со време и себераководење.  Коментарите и евалуациите на учесниците нe уверија дека изборот на теми беше одличен и дека овие вештини се клучни  за поголема ефикасност и ефективност на нивните работни места , како дополнување на нивните професионални вештини.

________________________________

Употребата на ГИС во Урбанистичкото планирање е активност од исклучителна важност и големи поволности за секоја општина. Со оглед на комплексноста и захтевноста од ресурси ,  потребно е постојано јакнење на капацитетите на општините за употреба на ГИС во Урбанистичкото планирање. Проектот Поддршка на процесот на децентрализација обезбеди обука за употребата на ГИС во Урбанистичкото планирање за сите општини од земјава. Обуката се одвива во две фази: првата фаза беше наменета за основите на употребата на ГИС и еднодневната обука ги опфати помалите општини кои се сеуште на почеток на користење на ГИС-от. Во втората фаза се опфаќаат поголемите општини и оние кои се понапредни во користењето на ГИС . Обуката трае три дена а теми на дискусија се: Ситуацијата со ГИС во државата, огледи кон пристапноста на топографски и катастарски мапи, како и практична обука за употреба на софтверот Arcview во урбанистичко планирање.

________________________________

Чекори и методи за подобрување на информираноста на граѓаните и давање советодавни услуги

_________________________________

comp1_fev

Билтен број 2, Март 2008

<насловна > <задна страна >

_________________________________

LD1
На работилницата Организирање на планирањето на локалниот развој преку 60 општински експерти за локален развој имаа шанса да разменат идеи со претставници на Министерството за локална самоуправа, ЗЕЛС, Генералниот секретаријат на Владата и Бирото за регионален развој. Во детаљи беше дискутиран процесот на планирањето на локалниот развој, како и тоа како улогите на централната и локалната власт се испреплетуваат и поврзуваат.
Општините Неготино, Струга, Струмица и Куманово ги споделија со останатите општини и преставниците на централната власт своите драгоцени искуства во планирањето на локалниот развој. Главната придобивка од оваа работилница беше токму ангажирањето на локалните и централните власти во заедничка дискусија за прашањата на локалниот развој, како и креирање на синергија за изнаоѓање на нови решенија. На оваа работилница ние исто така ја претставивме и нашата Нацрт –методологија за планирање на локалниот развој и отворивме една подолгорочна дискусија за нејзино подобрување и финализирање.

________________________________

comp1_fev
Големи напори и ресурси на проектот Поддршка на процесот на децентрализација се насочени кон зајакнување на капацитетите на Општинските центри за услуги (ОЦУ) во проектните општини. Важен дел на тие активности се и обуките за Градење на односи и доверба со граѓанитево кои беа вклучени преку 170 идни вработени во ОЦУ.
Овој модул опфати шест дена обука по учесник и тоа обука од областа на Вештини за комуникација, Вештини за преговарање, Вештини за мотивација и Вештини за меѓусекторска комуникација. Низ интерактивна настава исполнета со многу практични примери и вежби , учесниците ги подобрија своите способности за интеракција со своите клиенти – граѓаните, како и со своите колеги од општинската администрација.  Друга важна придобивка од овие обуки се и регионалните мрежи на вработени во ОЦУ кои се создадоа низ заедничката настава и дружење.

________________________________

cvekje Галерија на фотографии
повеќе>>  

________________________________

 

EAR

MLSG

zels

eutube

sei

eu portal